Капитенот на Лутон, Том Локјер, кој денеска на гостувањето кај Борнмут колабираше на терен поради срцев проблем, има историја на вакви проблеми.
Истиот фудбалер пред само седум месеци, на 28-ми мај на „Вембли“ во Лондон, за време на баражот за влез во Премиер лигата против Ковентри, истотака колабираше среде меч, тогаш поради пребрзо отчукување на срцето. После тоа имаше операција и лекарите го увериле дека не би требало да се повтори проблемот и му дозволија да продолжи да игра фидбал.
По победата и пласманот во елитното друштво, фудбалерите на Лутон триумфот му го посветија нему. Денеска Велшанецот повторно ги исплаши, а за среќа пак преживеа и информациите се дека тој е во болница, но дека е свесен.