Светот го виде новиот српски фудбалски бисер, деби за Милан и веднаш гол (Видео)

Јан Карло Симиќ. Тоа е името и презимето на српскиот фудбалер роден 2005 година, кој денеска дебитираше за Милан, а само 17 минути откако влезе во игра на местото на повредениот Побега, даде гол против Монца за 2-0.

Симиќ не е напаѓач, туку дефанзивец, па денешниот негов гол има дополнителна тежина. Овој Србин роден во Германија, е третиот најмлад стрелец за Росонерите во поновата ера на Серија А, откако за победа се доделуваат три бода. Помлади стрелци за Милан од него биле само Алберто Палоски и Бразилецот Пато.

Првиот гол за Милан го постигна Рајндерс и беше прекрасен, Холаѓанецот изведе слалом низ одбраната на гостите и даде гол, но потоа беше засенет од тинејџерот Симиќ кој е приказната на денот и главна ѕвезда откако се претстави пред светот во најдобро можно издание.

Конечните 3-0 ги постави Окафор. После оваа победа, Милан е трети на табелата, со пет бода помалку од вториот Јувентус, а пет бода повеќе од четвртиот Наполи.

Ова е голот на Симиќ по асистенција на Леао:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести