Женската ракометна репрезентација на Франција третпат во историја успеа да дојде до трофејот од Светските првенства. Тие вечерва во репризата на финалето од последното Светско првенство, успеаја да и се одмаздат на Норвешка и да ја победат со 31-28.
Французинките во текот на целиот натпревар диктираа темпо, а од средината на првото полувреме, па се до крајот на мечот константно беа во водство. Предноста на Франција неколку пати беше максимални +4 гола, што на крајот се покажа дека е доволно за освојување на светската шампионска титула.
Репрезентацијата на Данска успеа да ја одбрани бронзата од претходното Светско првенство, откако во дуелот за третото место ја совлада Шведска со минимални 28-27.