Болоња му оддаде почит на Михајловиќ: Синиша засекогаш во нашите срца

На вчерашниот натпревар меѓу Болоња и Рома му беше оддадена почит на Синиша Михајловиќ, кој на 16 декември минатата година ја загуби битката со леукемијата.

Пред почетокот на дуелот меѓу последниот тим кој го тренираше (Болоња) и првиот во којшто играше во Италија (Рома), му беше оддадена почит на Михајловиќ. На мечот специјални гости беа сопругата на Михајловиќ, Аријана, и нивните деца.

https://twitter.com/FT_Italiano/status/1736431579193294944

И навивачите на Болоња му оддадоа почит истакнувајќи транспаренти на коишто пишуваше: „Сеќавањето на тебе е пат до нашата повторна средба“, како и „Синиша, засекогаш во нашите срца“.

И навивачите на Лацио не забораваат дека Михајловиќ остави голема трага во клубот, беше дел од тимот кој ја освои шампионската титула во 2000 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести