Извршена и ждрепката за Лигата на Европа: Феенорд и Рома во реприза на првото финале од КЛ (Фото)

Денес беше извршена и ждрепката за нок-аут фазата од Лигата на Европа. Во оваа фаза ќе играат вкупно 16 екипи, третопласираните од Лигата на шампионите и второпласираните од групната фаза на Лигата на Европа. Победниците од бараж-фазата ќе им се придружат на победниците од групите од Лигата на Европа во осминафиналето.

Најинтересната двојка е онаа помеѓу Феенорд и Рома, кои ќе играат во репризата од првото финале на Конференциската лига.

Двојки:

Феенорд – Рома
Милан – Рен
Ленс – Фрајбург
Јанг бојс – Спортинг Лисабон
Бенфика – Тулуз
Брага – Карабаг
Галатасарај – Спарта Прага
Шахтар Доњецк – Марсеј

Во осминафиналето директно се пласирани: Вест хем, Глазгов Ренџерс, Брајтон, Аталанта, Ливерпул, Баер Леверкузен, Виљареал и Славија Прага.

 

- Оглас -

Најнови вести