Екипата на Реал Мадрид во осминафиналето ќе игра против германски претставник, Лајпциг. Иако “кралевите“ се големи фаворити во овој двобој, сепак раководството е претпазливо и не сака така лесно да ја преземе фаворитската улога.
– “Тие се одлична екипа, во добра форма. Ќе биде многу тешко против нив. Нашата цел е јасна, а тоа е повторно да се видиме на наредната ждрепка.“ – кусо прокоментира Емилио Бутрагењо, кој беше присутен на ждрепката.
Слично размислува и генералниот директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано.
– “Многу непријатен ривал со врвни фудбалери.“ – беше краткиот коментар на Валдано.
Сепак, сакале или не, Реал Мадрид е голем фаворит, а голема предност за нив е и тоа дека реваншот ќе се игра на “Сантијаго Бернабе“.