Легендата Рикелме е нов претседател на Бока јуниорс! (Видео)

Легендарниот аргентински фудбалер, Хуан Роман Рикелме, е избран за нов претседател на Бока јуниорс. Аргентинецот дури 13 години мина во легендарниот клуб како фудбалер, во два мандати. Тој за клубот од “Ла Бомбониера“ играше од 1996-тата до 2002-рата, а потоа и од 2007-мата до 2014-тата.

Рикелме минатите четири години беше потпретседател на Бока јуниорс, а сега ќе има можност во следните четири години и да го води својот омилен клуб.

Поранешниот аргентински репрезентативец во Европа настапуваше само за Барселона и Виљареал, а потекнува од Аргентинос јуниор, клубот во кој ги направи првите чекори, но и клубот каде ја заврши својата кариера во сезоната 2014/2015.

https://twitter.com/YoViARiquelme/status/1736740941111665148?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1736740941111665148%7Ctwgr%5E73844a9c24a8ac27bff5ade233f3bb7a4f98cfb7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.mk%2F2023%2F12%2F18%2FD0BBD0B5D0B3D0B5D0BDD0B4D0B0D182D0B0-D180D0B8D0BAD0B5D0BBD0BCD0B5-D0B5-D0B8D0B7D0B1D180D0B0D0BD-D0B7D0B0-D0BDD0BED0B2-D0BFD180D0B5D182%2F

- Оглас -

Најнови вести