Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ја коментираше битката за титула во англиската Премиер лига. Специјалниот верува дека главната трка за трофејот ќе ја водат Манчестер сити и Ливерпул, иако тој лично сака Арсенал да ја разбие монотонијата и да стане шампион.
„Манчестер сити има 51 проценти шанси, а Ливерпул 49. Мислам дека Арсенал нема шанса, иако би сакал тие да станат шампиони. Челзи нема шанса, затоа не го спомнувам, како ни Манчестер јунајтед. Ќе се радувам ако Арсенал стане шампион. Сакам трети тим да ја разбие монотонијата и доминацијата на Сити и Ливерпул“, искоментира Мурињо кој верува дека кога ќе дојде згуснатиот календар и играњето клучни мечеви на секои три дена, може да пресуди поголемиот фонд на добри играчи кој Сити го има на располагање.
Во моментов Арсенал води на табелата со еден бод пред Ливерпул и Астон Вила, а пет пред Манчестер сити.