Еден од најпопуларните американски фудбалски клубови, Интер Мајами, кој стекна голем број фанови откако во своите редови го доведе Аргентинецот Лионел Меси, објави дека на 15 февруари ќе игра пријателски меч против Њуелс олд бојс, клубот во којшто Меси почна да тренира фудбал.
Њуелс е клубот кој Меси најмногу го сака, таму беше од 1994 до 2000 година, не е исклучено таму да ја заврши кариерата, па овој дуел иако само контролен и без големо резултатско значење, ќе биде важен за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Инаку, Њуелс е од градот Росарио, а освен Меси, во Росарио е роден и тренерот на Интер Мајами, Тата Мартино, кој освојуваше трофеи со клубот и како играч и како тренер, па и за него овој дуел ќе биде специјален.