Евертон и Фулам на пенали одлучуваа кој ќе оди понатаму во Лига купот на Англија, а кога дојде редот да шутне Амаду Онана, најзабавно им беше на оние гледачи кои средбата ја следеа на интернет со коментатор на арапски јазик.
Онана пеналот го изведе катастрофално, а коментаторот и пред и по пеналот не престана да пее „Ооо-на-на-на“.