Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија денеска попладне треба да одржи седница во Кичево, а една од одлуките кои треба да се донесат е наименување селектор на машкиот А тим бидејќи на Благоја Милевски му истече стариот договор.
Иако многумина сметаат дека Милевски веќе не треба да ја врши функцијата, сепак челниците на ФФМ и некои од клучните играчи имаат доверба во него и за очекување е да добие нов двегодишен договор, па тој останува селектор и во следниот период.
Се шпекулира дека со новиот договор, месечната плата на Милевски ќе биде околу 10.000 евра.