Англија е колевка на фудбалот, но тоа е земја во која навивачите уживаат и во фрлањето пикадо. Токму затоа Лондон е домаќин на ПДЦ Светското првенство во пикадо.
Навивачите во овој спорт се познати како многу гласни и со осебна страст уживаат да ги гледаат најдобрите во пикадо. На еден од последните натпревари беше присутен и легендарниот англиски репрезентативец Питер Крауч. Тој заедно со некогашниот фудбалер на Челзи, Стив Сидвел, покажаа дека знаат одлично да се забавуваат.
Крауч во еден момент ја подигна чашата со пиво и ја испи на екс, а потоа ја стави празната чаша на глава. Навивачите го поздравија овој негов потег, а потоа Крауч почна да танцува во ист стил како што танцуваше кога ќе дадеше гол на фудбалските терени.
https://twitter.com/i/status/1737228504922522034
Едноставно, Крауч ужива додека ги гледа најдобрите во овој спорт, кој секако го има за обложување во Sport Life.