Фудбалерите на Партизан забележаа голема победа над Црвена ѕвезда од 2-1 и повторно се искачија на лидерската позиција во првенството на Србија. „Црно-белите“ првпат по повеќе од четири години го победија најголемиот ривал во првенствен натпревар.
Резултатот го отвори Начо од пенал во 41-вата минута, а Салдања зголеми на 2-0 во 66-тата минута. Само пет минути подоцна, Црвена ѕвезда намали на 2-1 преку Ндиаје, но „црвено-белите“ не успеаја комплетно да се вратат резултатски во мечот.
Партизан сега е осамен на врвот со 47 поени, еден повеќе од второпласираната Црвена ѕвезда.