Кошаркарите на Пелистер го доживеаја и вториот пораз на третиот балон од второлигашкото јадранско друштво. Битолчани вечерва тесно загубија од Цедевита јуниор со 78-74, иако беа на потребното ниво само во последната четвртина.
Хрватскиот претставник во текот на целиот натпревар доминираше и го контролираше резултатот, а за тоа говори и фактот дека ги добија првите три четвртини. Во финишот на натпреварот, Цедевита јуниор имаше +15, но битолчани со серија од 1-0 на три минути пред крајот се вратија во мечот и најавија возбудлив финиш.
Сепак, Пелистер немаше сили за комплетен пресврт и го доживеа петтиот пораз оваа сезона, со кој падна на 11-тата позиција само со две победи.
Јуре Планиниќ со 20 поени беше најефикасен во редовите на Пелистер, 12 постигна Андреј Маслинко, по 11 уфрлија Бернар и Мијовиќ, додека Александар Костоски мечот го заврши со 10 поени.