Италијанскиот клуб се пожали: „Нас не нѐ поканија во Суперлигата!“

Додека од сите страни се слушаат шпекулации кој би играл, а кој не во фудбалската Суперлига, па следуваат деманти од екипи, еден италијански клуб се пожали дека воопшто не добил покана за учество.

Се работи за италијанскиот третолигаш Пескара, од каде што се огласија на социјалните мрежи со интересна порака.

„Пескара соопштува дека со оглед на тоа што не доби покана за учество во Суперлигата, нема да го каже својот став“, велат од Пескара.

Секако, од екипата која седум сезони има настапувано во италијанската Серија А, а последен пат тоа беше во 2017 година, се шегуваат на сметка на големите клубови бидејќи очигледно дека малите клубови и обичните љубители на фудбалот нема да добијат ништо од идејата за формирање на Суперлига.

- Оглас -

Најнови вести