Анчелоти со отворена поддршка за Суперлигата: „Ова може да биде само позитивно“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е еден од ретките кои отворено ја поддржаа идејата за формирање на фудбалската Суперлига.

„Фактот дека повеќе нема монопол е позитивно. Исто така, ќе се подобри и меѓународниот календар и тука сите се победници. Врз основа на судската одлука, мислам дека фудбалот се движи во позитивен правец“, коментираше Анчелоти.

Токму Реал Мадрид заедно со најголемиот ривал Барселона се главните заговорници за ново фудбалско уредување во Европа и формирање на Суперлигата.

- Оглас -

Најнови вести