Никој како Аргентинецот: Со само 23 години има трофеи од 14 различни натпреварувања!

Манчестер сити на најдобар можен начин ја заврши 2023 година, со трофејот од Светското клупско првенство. Дури пет пехари освои англискиот тим во оваа година што ја прави убедливо најуспешна во историјата на клубот.

Хулијан Алварес пред една и пол година дојде во Манчестер сити и ужива во историската година со пет титули. Овој млад, 23-годишен Аргентинец едноставно е магнет за трофеи, па постигна нешто што не му успеало на ниту еден друг играч во историјата со само 23 години.

Алварес сега може да се пофали дека има трофеи во 14 различни натпреварувања, освоени во само пет професионални сезони. На листата на натпреварувања кои Алварес ги има освоено се: аргентинското првенство, Купот на Аргентина, Суперкупот на Аргентина, Трофеј на шампиони, Копа Либертадорес, Рекопа Судамерикана, Премиер лигата во Англија, ФА Купот, Лигата на шампиони, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство (сите на клупски план), додека со репрезентацијата на Аргентина се радуваше на Светското првенство, Копа Америка и Финалисимо.

- Оглас -

Најнови вести