Празнично гостување на Партизан во Задар, Црвена ѕвезда пред лесна победа против Сплит (Фото)

Два српско-хрватски дуели ќе се одиграат денес во кошаркарската АБА лига. Дуелот кој привлекува најголемот внимание е гостувањето на Партизан кај Задар, натпревар кој со нетрпение се очекува кај домашните навивачи, пред се поради нетрпеливоста помеѓу навивачките групи на двете екипи и низата на инциденти кои се случија помеѓу навивачите на Задар и српските екипи кои гостуваа на јадранското крајбрежје.

Партизан како голем фаворит влегува во мечот со квота за победа од 1.20 во понудата на Sport Life, но сигурно дека ќе го очекува преполна сала и пеколна атмосфера, па затоа не е исклучено и изненадување на домашните, кои имаат квота за победа од 4.90.

Во вториот дуел помеѓу српска и хрватска екипа, во Белград ќе се сретнат Црвена ѕвезда и Сплит, натпревар на кој се чини дека победникот е однапред познат, а изненадувањето на Сплит носи квота од 16.3 во понудата на Sport Life.

Во богатата понуда на Sport Life може да најдете и 30-тина кошаркари за најпопуларната игра „плус-минус“ на поени. Комплетната понуда може да ја најдете на следниов ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести