Најбизарната повреда сезонава и тоа на првиот пик на драфтот (видео)

Далас маверикс предводен од Лука Дончиќ убедливо со 144:119 славеше над Сан Антонио во меч на кој кај Спарс го немаше првито пик на драфтот од оваа сезона, Виктор Вембањама.

Високиот француски центар се повреди на загревање пред мечот. Додека траеја подготовките за дуелот, Вембањама при едно поентирање незгодно згазна врз ногата на еден од луѓето кои беа задолжени да ги додаваат топките и го свитка зглобот.

Вембањама веднаш направи болна гримаса на лицето и по неколку моменти покажа дека болката на зглобот на ногата е силна и нема да може да игра.

 

- Оглас -

Најнови вести