Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок е подготвен да потроши 100 милиони евра за 19-годишен фудбалер кој треба да внесе живот во средниот ред.
Најбогатиот човек во Обединетото Кралство, сер Џим Ретклиф, кој денеска и официјално купи 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед и ќе биде задолжен за фудбалски операции во клубот, сака во зимскиот преоден рок да го купи младиот фудбалер на Бенфика, Жоао Невеш.
Претседателот на Бенфика, Руи Коста ги информирал претставниците на Јунајтед дека нема намера да го пушти Невеш за помалку од 100 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.
Наводно, според англискиот весник „Мирор“, Ретклиф кој вети дека веднаш ќе инвестира 300 милиони евра во Манчестер јунајтед, е подготвен да ја плати бараната сума.
Невеш сезонава играше на сите 25 натпревари за Бенфика.