Во германската фудбалска јавност сè повеќе се зборува за враќањето на Тони Крос во репрезентацијата за настапот на Европското првенство. Фудбалерот по шампионатот во 2021 се повлече од репрезентацијата, но многумина сакаат повторно да го видат во дресот на Панцирите, со оглед на тоа дека игра на високо ниво во Реал Мадрид.
Сепак, голманската легенда на Баерн Минхен, Сеп Маер, не се согласува и смета дека репрезентативната кариера на Тони Крос е завршена.
„Не би го вратил Крос. Мислам дека нема да биде добро тој повторно да игра за репрезентацијата. Тој имаше свое време. Имаме многу други талентирани играчи на неговата позиција кои можат да ѝ помогнат на екипата. Сега тоа е популарна тема во медиумите, но не би го повикал Крос. Тоа не значи дека не е голем играч и дека ништо не направил за германскиот фудбал“, вели Маер.
Сеп Маер со репрезентацијата на Германија ги освои Европското првенство во 1972-рата и Светското првенство две години подоцна, додека Тони Крос со Панцирите се радуваше на трофејот од Светското првенство во 2014.