Новак Ѓоковиќ и официјално ја заврши годината на првото место на АТП ранг-листата. Ова за него е 405-та недела на врвот на светскиот тенис. Годината на втората позиција ја финишираше Шпанецот Карлос Алкарас, додека на третата позиција заврши рускиот тенисер Данил Медведев.
Нашиот најдобар тенисер, Калин Ивановски, годината ја заврши на 326-тата позиција во светот. Македонскиот тенисер оваа година го имаше и најдобриот пласман во кариерата кога стигна до 305-тата позиција во светот.