Бразилското чудо од дете, Естевао Вилијан, е на радарот на Барселона, но Каталонците тешко дека ќе успеат да дојдат до неговиот потпис поради високото обесштетување кое го бара Палмеирас, 60 милиони евра.
Фудбалерот кого го нарекуваат „малиот Меси“ има само 16 години и негова голема желба е да се пресели во Барселона, но желбата тешко дека ќе му се оствари поради финансиските проблеми на Каталонците.
Ваквата ситуација сакаат да ја искористат другите европски гиганти и веќе во редот за неговиот потпис застанаа Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи и ПСЖ.
Естевао веќе дебитираше и за првата екипа на Палмеирас, а настапува и за репрезентацијата на Бразил за фудбалери до 17 години. Во Европа ќе може да пристигне во 2025 година, кога ќе наполни 18 години.