Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, објави божиќна честитка на социјалните мрежи поради која се крена многу прашина.
Салах објави фотографија до божиќна елка, поради што повторно се најде на удар на неговите фанови од мислиманска вероисповед.
„Божиќ е време кога се собираат семејствата и слават. Заедно со бруталната војна која се одвива на Блискиот Исток, посебно смртта и разорувањето во Газа, оваа година Божиќ го дочекуваме со тешко срце и ја делиме болката со оние семејства кои тагуваат поради загубата на нивните најмили. Ве молиме да не ги заборавите. Среќен Божиќ“, порача Салах.
Само за еден час, оваа порака предизвика реакција за 20.000 коментари на неговите фанови.