Новото засилување на Барселона не може да го носи својот број поради правилото на Ла Лига

Барселона денес и официјално се пофали со своето ново засилување, Бразилецот Виктор Роке. Тој во Атлетико Параненсе настапуваше со броевите 9, 27 и 39, но сега ќе има проблем во изборот на бројката со која ќе настапува за Каталонците.

Деветката е зафатена, а 27 и 39 не се во комбинација бидејќи Ла Лига има правило со кое им дозволува на фудбалерите да носат бројки само од 1 до 25. Во моментов во Барселона слободни се броевите 10, 16, 19 и 24. Сосема извесно е дека Роке ќе го одбере бројот 19, кој во минатото го носеше Франк Кеси.

Официјалната промоција на Виктор Роке ќе биде на трети јануари, а тогаш ќе биде откриено и кој број ќе го носи на дресот.

- Оглас -

Најнови вести