Брентфорд на домашен терен загуби од Вулверхемптон со 1:4 во меч на кој домашните фудбалери беа очајни во одбранбениот дел, па неуспехот беше неминовен. Вулверхемптон поведе со гол во 13-тата минута, а само 10-тина секунди откако Брентфорд тргна од центарот, домаќините направија очајна грешка и примија втор погодок.
По овој втор гол на гостите, едноставно Брентфорд не беше во можност да се врати резултатски и на крајот загуби убедливо со 4:1.