Повеќе големи европски клубови веќе извесно време се интересираат за услугите на 19-годишниот македонски фудбалер за врска, Елиф Елмас, и ги следат неговите игри, а синоќа во Истанбул на мечот Фенербахче-Зенит од Лига Европа, на трибините имало и скаути на неколку клуба кои ги „снимале“ Македонецот.
Елмас сезонава е заменлив во првиот тим на Фенер и иако резултатите на славниот клуб во турската лига не се воопшто добри, сепак тренерите му веруваат на младиот Елиф и тој е мошне интересен играч со голем потенцијал.
Според турските медиуми, познато е дека Тотенхем и Валенсија се клубовите кои веќе извесно време ги следат игрите на Елмас и имале свои скаути на стадионот „Шукру Сараџоглу“, но имало претставници и на други клубови кои во детали го анализирале Елмас и тоа што го запишале ќе пренесат кај своите претпоставени.