Малиот Американец, Рудолф Инграм, има предиспозиции во иднина да биде ѕвезда на светската атлетика во спринтерските дисциплини. Ова дете кое има 7 години, трча многу брзо како за своја возраст и постигнува рекордни резултати кои досега не беа видени во таа категорија.
Рудолф кој е роден во Тампа на Флорида, без проблем ги победува своите врсници. Тој пред една недела, трката на 60 метри ја мина за 8,69 секунди. Се обиде и на 100 метри, патека која ја истрча за 13,48 секунди, што е феноменален резултат за некој што има само седум години.
Се разбира овие податоци придонесоа Рудолф веќе да го споредуваат со Јусеин Болт чии светски рекорди на 100 и 200 метри се чини дека нема да бидат урнати подолго време. Но, можеби Инграм нема да биде атлетичар, туку ќе се проба во американски фудбал. Тој со својата брзина е недофатлив и одлично ги избегнува чуварите. Уште е рано тој да се определи во кој спорт ќе се обиде, но што и да реши, има шанса да биде ѕвезда.
Погледнете како изгледаат трките на Инграм против неговите врсници:
https://www.youtube.com/watch?v=E1XOccFTO5I