Кошаркарите на Панатинаикос ја забележаа четвртата победа по ред во Евролигата и се искачија на делба на четвртото место откако вечерва славеа со 82:65 против Црвена ѕвезда.
Билетите за овој меч беа распродадени дури пред пет дена, а домашните кошаркари во „Оака арената“ доминираа од првата до последната минута.
Црвено-белите до крајот на третата четвртина ја држеа негативата на едноцифрена бројка, но по поените на Костас Адетокумбо, Панатинаикос поведе со 61:50 и во последните 10 минути рутински ја одржуваше предноста за триумф од 82:65.
Митоглу со 15 поени ја предводеше листата на стрелци кај грчкиот тим, додека кај Црвено-белите, Боломбој и Недовиќ, дадоа по 15 поени.
Реал Мадрид го преживеа гостувањето кај Асвел и славеше со 76:77. Во последната минута, Факундо Кампацо, погоди три слободни фрлања и ја завери 16-тата победа во 17-тиот натпревар.
Во последните два меча, домаќините не дозволија изненадување. Баерн Минхен со 85:84 ја совлада Валенсија, а Армани Милано со 76:67 ја совлада Басконија.