Македонија ја победи Црна Гора во контролата со три полувремиња

Македонската машка ракометна репрезентација извојува победа на првиот пријателски меч во рамките на подготовките за ЕП 2024.

Нашите ракометари во салата во српскиот град Стара Пазова ја совладаа Црна Гора во меч со три полувремиња (22-17, 39-37, 15-14) од по 30 минути. Утре тимот на селекторот Кирил Лазаров се враќа дома, ќе имаат два дена одмор, а потоа продолжуваат со подготовки.

Пред заминувањето за Германија, Македонија ќе одигра уште два контролни натпревари со Грција на четврти и петти јануари во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести