Рома сезонава нема шанса да се бори за висок пласман, затоа што веќе заостанува 17 бодови зад лидерот Интер, а има дури осум помалку од третиот Милан. Римската волчица синоќа загуби на гостувањето во торино од Јувентус, минимално со 1:0, а голот за радост на домаќините го постигна Рабиот на почетокот на второто полувреме.
По средбата, тренерот на Рома, Жозе Мурињо анализираше дека неговиот тим бил подобар во првото полувреме, а потоа во вторито дел примил несреќен гол. Португалскиот стратег се фокусираше и на условите во кои работи неговиот тим.
„Разочаран сум затоа што на полувреме заминавме со резултат 0:0, бидејќи имавме неколку добри шанси кои не успеавме да ги реализираме. Не дадовме гол, а потоа несреќно и примивме погодок. Потоа се беше многу потешко. Задоволен сум од карактерот кој го покажавме. Луѓето треба повеќе да го почитуваат тоа што го прави Рома, затоа што работата која ја правиме во овие услови е неверојатна“, рече Мурињо по поразот од Јувентус.