Шпански и британски медиуми објавија дека Барселона би можела на Манчестер сити да му предложи размена на играчи на бековската позиција.
Според изворите, Каталонците биле спремни да го продадат 20-годишниот лев бек Алехандро Балде во Сити, а в замена да го добијат Жоао Кансело, кој веќе игра за нив, но како позајмен. Во Барса сакаат да го задржат 29-годишниот Португалец кој може да игра на двете бековски позиции, но тоа е тешко поради финансискиот ферплеј (Сити за Кансело бара 30 милиони евра).
Кансело на 21 меча за Барселона има три гола и две асистенции. Балде на 22 меча има еден гол, а договорот со Барселона му е до летото 2028 година.
Ако се реализира трампата, Сити би добил еден класичен лев бек на кого тоа му е природна позиција, плус тоа млад е, и игра солидно во двата правци. Барса би го добила искусниот Кансело кој го користат на неколку позиции, и периодов се покажа дека е важна алка во тактичките замисли на тренерот Чави.