Двократен светски првак направи голема белја, до крај на животот ќе биде во затвор

Светската, а особено австралиската спортска јавност е шокирана по информацијата дека велосипедистот Рохан Денис е обвинет за убиство на 32-годишната сопруга Мелиса Хоскинс.

Денис е уапсен, а според информациите на полицијата, тој после една кавга со жена му, во лутина ја прегазил со својот џип, и тешко ја повредил, по што таа во болница им подлегнала на повредите.

Максималната казна за вакво убиство е доживотен затвор.

Пред неколку дена, сопругата објави фотографија на Инстаграм на која тие се насмеани, во позитивно божиќно расположение, а тука се и нивните две деца. Во брај беа од 2018 година.

Рохан на почетокот на годинава ја заврши кариерата како член на силниот тим Џамбо Висма. Во 2018 и 2019 година беше светски првак на друмски патеки, а во 2021 освои  бронза на хронометарската трка на Олимписките игри во Токио.

Во едно интервју од пред осум години, тој изјави дека знае дека е нервозен тип со „краток фитил“ и дека велосипедизмот му помага да се смири.

- Оглас -

Најнови вести