Пикадо бајката на тинејџерот треба да продолжи, сега е главен фаворит да стане светски првак!

Светското првенство во пикадо достигнува кулминација. За денеска се закажани двата полуфинални дуела, а во центарот на вниманието е сензационалниот тинејџер Лук Литлер. Момчето кое има само 16 години, првпат е дел од ова елитно друштво и е непобедлив.

Литлер на убедлив начин ги доби сите досегашни дуели и сега за противник го има Роб Крос, кој во полуфиналето се пласира по еден неверојатен пресврт во последниот меч кога губеше со 0:4, а на крајот се радуваше на триумф од 5:4.

Според последната светска ранг-листа, 16-годишниот Литлер е дури на 164-тото место, но тоа не му е проблем да ги победува многу поискусните и подоброрангираните. Денешниот негов ривал, Крос, е на осмото место според рангирањето, но сепак, формата на Литлер го прави тинејџерот да биде фаворит за пласман во финалето.

На дебитантското СП во „Александар Палас“ во Лондон, Литлер во четвртфиналето имаше 55 фрлања со 100+ поени и петпати со максимални 180 поени. Просекот на неговите три фрлања е 101,93 поени.

https://twitter.com/i/status/1741855834156507154

Со пласманот во полуфиналето, Литлер за овие неколку дена веќе заработи 100.000 фунти, што е многу повеќе пари отколку што овој пикадо-играч има заработено во текот на целата негова досегашна кариера.

- Оглас -

Најнови вести