Во Јунајтед се одлучни да ангажираат напаѓач, тргнуваат по потписот на легендата на Баерн

Раководството на Манчестер јунајтед е одлучно во зимскиот преоден рок да ангажира квалитетен напаѓач, а изборот е помеѓу тројца фудбалери од Бундеслигата. Двајцата се од Баерн Минхен, а се работи за легендата на Баварците, Томас Милер, како и Ерик Шупо-Мотиг. Третата и најмалку веројатна опција е Серу Гирасу од Штутгарт.

Токму еден од двајцата фудбалери на Баерн Минхен е реална опција за Црвените ѓаволи, посебно тоа се однесува за Томас Милер, кој поради годините може да се добие за евтина сума. Сепак, прашање е дали фудбалерот ќе сака да го напушти клубот во кој е вистинска легенда.

Најскапата варијанта е напаѓачот на Штутгарт, кој сезонава на 16 натпревари постигна 19 погодоци и неговата вредност порасна на 40 милиони евра, но за неговиот потпис ќе се води вистинска војна помеѓу гигантите низ Европа и малку е веројатно дека токму Манчестер јунајтед ќе биде победник за неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести