Можно ли е да се „распадне“ силната Жирона!?

Со 14 победи, три нерешени и само еден пораз, каталонскиот тим Жирона е најпријатното изненадување не само во Шпанија туку и во цела Европа. На половина од првенството во Шпанија, Жирона е рамо до рамо со Реал Мадрид и се на делба на првото место, а има дури седум бода повеќе од Барселона и Атлетико Мадрид.

Токму Атлетико Мадрид е денешниот ривал на Жирона во меч на кој каталонскиот тим уште еднаш ќе се обиде да изненади еден фаворит. Според најавите од Шпанија, главен предизвик на Жирона во овој месец ќе биде да го задржи „костурот“ на екипата затоа што неколку фудбалери се цел на повеќе европски гиганти.

Левиот бек Мигуел Гутиерес е цел на Баерн Минхен и Арсенал, но за овој евентуален ваков трансфер се прашува и Реал Мадрид затоа што 50 отсто од правата на Гутиерес ги има Кралскиот клуб, а останатите 50 се на Жирона.

Играчот за врска, Алекс Гарсија е во фокусот на Барселона, која е во потрага по ваков фудбалер по тешката повреда која ја заработи Гави. Трет играч кој е дел од гласините дека може да си замине од Жирона е напаѓачот Артем Довбик. Украинецот во 17 меча постигна 11 гола и го привлече вниманието на Челзи од Премиер лигата.

Преодниот рок трае до крајот на јануари, а на челниците на Жирона им останува да одлучат дали ќе се решат да ги продаваат клучните играчи или ќе останат компактни со цел да бидат уште поконкурентни во трката за висок пласман, па зошто да не и за титулата во Примера дивисион.

- Оглас -

Најнови вести