Бајката на Жирона продолжува и во 2024 година, во фантастичен меч го шокира Атлетико Мадрид  (Видео)

Фудбалерите на Жирона и Атлетико Мадрид одиграа фантастичен натпревар во кој беа постигнати седум гола и на крајот се радуваа домаќините.

Хитот во Ла Лига имаше водство од 3:1, Атлетико Мадрид успеа да дојде до 3:3, но во судиското продолжение, Иван Мартин го совлада Јан Облак и ја продолжи бајката на Жирона.

Жирона со неверојатната победа повторно се израмни со Реал Мадрид на лидерската позиција на табелата со по 48 бода, додека Атлетико Мадрид остана на 38.

Валери уште во втората минута најави дека навивачите ќе уживаат во фантастичен натпревар отворајќи го резултатот.

Но, Атлетико вечерва го имаше Алваро Мората, кој постигна хет-трик и го спаси својот тим од пораз. Мората во 14-тата минута израмни на 1:1, а потоа Жирона даде уште два гола преку Савио и Блид.

Во последните моменти од првиот дел, Мората повторно ја затресе мрежата на Газанига и намали на 3:2.

На стартот од вториот дел, во 54-тата минута Мората го постигна својот трет гол за 3:3.

До крајот на мечот, Жирона покажа зошто е вистински хит во Европа, продолжи со нападите и со голот на Иван Мартин во 91-вата минута дојде до голема победа.

- Оглас -

Најнови вести