Специјалниот најавува ексклузива: „Следниот четврток сите ќе дознаат каква будала сум јас“

Екипата на Рома синоќа со пресврт славеше над Кремонезе и си закажа четвртфинален дуел од Купот на Италија против градскиот ривал Лацио. Овој натпревар ќе се одигра следната среда, а Жозе Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот најави „ексклузива“ за четвртокот по дуелот против градскиот ривал.

Станува збор за нов документарец на платформата Нетфликс во кој ќе бидат објавени детали од приватниот, но и професионалниот живот на Португалецот, моменти кои првпат ќе се појават во јавноста.

„Следниот четврток на Нетфликс ќе биде објавен џиновски документарец за мене. Има работи кои само таму ќе се појават и тогаш сите ќе знаат дека сум тотален лудак. Кога овие работи ќе излезат на Нетфликс, сите ќе ми кажат дека сум тотален морон“, таинствено најави Мурињо.

Нетфликс и претходно имаше документарец за Специјалниот, кој во својата кариера водеше гиганти како Реал Мадрид, Челзи и Манчестер јунајтед, но се чини дека главното ќе се појави на 11 јануари.

- Оглас -

Најнови вести