Кејн ќе добие друштво во Минхен, дефанзивецот на Тотенхем се договори со Баерн

Германскиот шампион Баерн Минхен се наоѓа пред ангажман на дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер, објавија англиските медиуми.

Според нив, Баерн и Даер ги договориле сите детали околу платата и до крајот на зимскиот преоден рок дефанзивецот треба и официјално да се пресели во Бундеслигата и повторно да игра заедно со Хари Кејн.

Тотенхем нема да му прави проблеми на Даер бидејќи не се наоѓа во плановите на менаџерот Анге Постекоглу и досега одигра само 198 минути за Петлите сезонава.

- Оглас -

Најнови вести