Историја: прв Канаѓанец во Серија А, ќе игра за Интер!

Интер од Милано има нов играч, тоа е Теџон Бјукенан, а овој трансфер вреден 10 милиони евра сосе бонуси е историски бидејќи овој фудбалер ќе биде прв Канаѓанец што ќе заигра во италијанската Серија А.

Бјукенан во Интер дојде од белгиски Клуб Бриж и ќе го носи дресот со бројот 17. Овој 24-годишен десен бек потпиша договор на четири и пол години.

Интер утре игра против Верона, но Бјукенан веројатно на некој друг меч ќе дебитира во дресот на Нераѕурите.

- Оглас -

Најнови вести