Димитријевиќ најзаслужен за победата, Уникс држи чекор со ЦСКА

Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ, беше еден од најзаслужните за новата победа на Уникс Казан во ВТБ лигата. Клубот на нашиот кошаркар вечерва славеше со 78-84 на гостински терен против Руна Москва.

Димитријевиќ со 19 поени, колку што имаше и неговиот соиграч Маркос Најт, беа најефикасни во составот на Уникс Казан. Нашиот кошаркар на 19-те поени додаде и четири скока и осум асистенции.

Уникс Казан е второпласиран во ВТБ лигата, со една победа помалку од лидерот ЦСКА Москва.

- Оглас -

Најнови вести