Раководството на Челзи не знае за доста кога станува збор за купувањето на нови фудбалери. Тие во последните две сезони купија 27 фудбалери за повеќе од една милијарда евра, а дополнително уште неколкумина пристигнаа без обесштетување.
Сепак, и покрај големите вложувања, резултатите изостанаа. Челзи не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, а веројатно така ќе биде и оваа сезона бидејќи клубот веќе има заостанување од 12 поени од местата кои водат во најквалитетното натпреварување и се наоѓа на 10-тата позиција.
Сега на радарот е Иван Тонеј од екипата на Брадфорд, фудбалер кој имаше одлични партии минатата сезона, но заработи суспензија од осум месеци поради обложување на натпревари од Премиер лигата. Тој се уште е под суспензија, а Брадфорд не сака да слушне да го продаде за помалку од 120 милиони евра. Сепак, оваа сума ќе оди нагоре и веројатно ќе достигне 170 милиони евра, бидејќи во трката по потписот на напаѓачот се вклучи и екипата на Арсенал.