Селекторот Лазаров ги одбра патниците за ЕП во Германија

Македонската ракометна репрезентација ги врши последните подготовки пред стартот на Европското првенство во Германија. На само четири дена до одигрување на првиот меч на првенството во кое Македонија ќе игра против Франција, селекторот Кирил Лазаров го одбра списокот од 18 ракометари кои ќе патуваат во Германија.

Со списокот отпадна Цветан Кузманоски, кој ќе биде на стенд-бај како и останатите ракометари кои се најдоа на списокот на резерви. Со изземањето на Кузманоски, Лазаров одлучи на левата крилна позиција шанса да добијат  Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов.

- Оглас -

Најнови вести