Ракометниот клуб Вардар од утре ќе пушти во продажба дополонителен број на билети за мечот од 12-тото коло во Лигата на шампионите против Веспрем.
Истите билети ќе бидат за стоење и ќе се продаваат по цена од 150 денари преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за во сабота со почеток од 17:30 часот. Истиот е прогласен за меч на колото во Лигата на шампионите.
Пеколната атмосфера и преполните трибини ќе треба да бидат ветар во грб за ракометарите во црвено-црни дресови, кои во дуелот против унгарскиот гигант ќе се обидат да ја остварат осмата победа во групната фаза.