Ѕверската партија на Јанис недоволна за победа, Индијана запрена на „само“ 101 поен (Видео)

Хјустон рокетс го доби првото полувреме против Милвоки бакс со 20 поени разлика и домашните успеаја да ја задржат предноста до крај и да слават со 112-108 во меч од НБА лигата, иако ѕвездата на Бакс, Јанис Адетокумбо, имаше одлична партија.

Гркот средбата ја заврши со 48 поени (најмногу за еден противник на Хјустон сезонава) и 17 скока, но и тоа не беше доволно за победа на неговиот тим. Елените имаат три порази на последните четири меча.

Интересно беше и во Индијанаполис каде Бостон славеше со 118-101. Овие 101 поен се најслабиот поентерски учинок на Пејсерс сезонава. Селтикс претходниот пат кога гостуваше во оваа сала, беше поразен и елиминиран од плејофот, па утрово колку толку се реваншираа. Џејсон Тејтум со 39 и Џејлен Браун со 31 поен, беа предводници на Келтите кои со 28-7 се најуспешен тим во лигата сезонава.

Најдобриот потег на средбата беше во изведба на Арон Несмит од Индијана. Погледнете го неговото забивање:

https://twitter.com/i/status/1743798298039722248

- Оглас -

Најнови вести