Шпанскиот првак Барселона, ја одреди својата нова голема мета, а тоа е Естевао Вилијан од Бразил. Талентираниот офанзивец е роден на 24 април 2007 година и важи за еден од најголемите таленти во земјата на петкратниот светски првак.
Естевао по прекар го нарекуваат Месињо затоа што во играта и слопродорите потсетува на Лионел Меси. Тинејџерот моментално настапува за екипата на Палмеирас, а за него веќе интерес покажаа неколку европски гиганти, како Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Арсенал, и ПСЖ. Сепак, самиот Месињо јавно кажа дека негова желба е да заигра за Барселона.
Според последните проценки вредноста на Естевао е 10 милиони евра, спортскиот директор на каталонскиот гигант, Деко веќе започнал разговори за негов трансфер. Талентираниот Бразилец до сега настапуваше за младинскиот тим на Палмеирас каде во 15 меча постигна четири гола, а има и една асистенција, а има и еден настап за сениорскиот состав. Тој е дел и од бразилската репрезентација за играчи до 17 години каде во пет меча постигна три гола.