img#wpstats{display:none}

Ниту Анчелоти, ниту Мурињо: Бразил има нов селектор

Фудбалскиот тим Сао Пауло соопшти дека го раскинал договорот со тренерот Доривал жуниор бидејќи тој ќе биде новиот селектор на Бразил.

„Нашиот тим го објавува заминувањето на Доривал жуниор кој самиот побара раскин на договорот за да може да седне на клупата на бразилската репрезентација“, соопшти Сао Пауло.

Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) се уште јавно не се огласила, но медиумите од оваа земја пишуваат дека се е договорено и Доривал жуниор ќе потпише договор со 2026 година и се очекува да ги предводи Кариоките на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

61-годишниот Доривал Жуниор во тренерската кариера ги водел речиси сите бразилски гиганти – Фламенго, Палмеираш, Сантос, Флуминенсе, Васко да Гама, Крузеиро, Интернасионал…

Со ова заврши сагата околу идниот предводник на Кариоките бидејќи во изминатите неколку месеци се шпекулираше со две имиња, актуелниот тренер на Реал Мадридџ, Карло Анчелоти и страгот на Рома, Жозе Мурињо.

ЦБФ во саботата го отпушти Роберто Динис поради слаби резултати во квалификациите за СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести