Викендот во италијанскиот фудбал освен мечевите во Серија А, го одбележа и скандалот во Серија Ц кој го предизвика родител на еден фудбалер влетувајќи на теренот за да се пресмета со голман кој го повредил неговиот син.
На дуелот меѓу Чезена и Олбија (1:0), родителот го дочекал крајот на мечот и по последниот свиреж на судијата влета на теренот и го удри по главата голманот на Олбија, Филипо Риналди бидејќи поради еден старт, неговиот син Кристијан Шпанди, морал да го напушти теренот поради расекотина.
Членовите на двете екипи веднаш интервенирале и успеале да спречат поголем инцидент.