Исланд со црномурест ракометар на ЕП во Германија

Ракометната репрезентација на Исланд за првпат во својата историја на Европското првенство во Германија ќе има црномурест играч во своите редови. Се работи за Стивен Тобар Валенсија, кој е роден во Колумбија, но кога имал само три години, неговото семејство емигрирало на Исланд.

Овој 23-годишен ракометар кога имал осум години почнал да игра ракомет за екипата на Валур, а своето сениорско деби го имал во 2017-тата година. Само пет години подоцна ѝ помогна на својата екипа да дојде до трофејот во исландското првенство. Минатото лето го направи првиот интернационален трансфер и потпиша за екипата на Бенфика во првенството на Португалија.

Валенсија за репрезентација има одиграно шест натпревари.

- Оглас -

Најнови вести