Мурињо е со најмногу црвени картони во Серија А

Рома ремизираше против Аталанта, играјќи 1:1 во последниот меч од Серија А, а во финишот на средбата, црвен картон доби тренерот на домаќините Жозе Мурињо. Португалскиот стратег бурно реагираше барајќи фаул во корист на неговиот тим, а судијата кој претходно му имаше покажано еден жолт картон, овојпат му додели директен црвен картон и го исклучи.

Поради ова исклучување, Мурињо нема да смее да ја води Римската волчица на гостувањето кај Милан во следното коло. Неверојатна е статистиката кога се работи за исклучувањата на Мурињо. За Португалецот ова е дури петти црвен картон во Серија А во последните две сезони, па иако не е активен на теренот, нема ниту еден играч кој толку многу пати бил исклучуван во овој период.

Едноставно Мурињо има специфичен карактер кој веројатно не поминува кај италијанските судии, па тој е апсолутен рекордер по бројот на добиени црвени картони во Серија А во последните две сезони.

- Оглас -

Најнови вести